Истакнатиот македонски поет Тодор Чаловски е учесник на реномираната 22-ра меѓународна книжевна колонија “Сиќево 2012” која од утре (сабота, 15 септември) до 20 септември се одржува во организација на Културниот центар во Ниш, Србија.
Во рамки на оваа значајна манифестација, на покана од организаторите учествуваат еминентни поети, прозаисти, литературни критичари и издавачи од Србија и други земји.
Во прекрасниот амбиент на Сиќево и околината, во рамките на петдневната колонија ќе се одржат повеќе книжевни настапи, разговори и промоции, со цел креативно да се придонесува за развојот, меѓусебното творечко комуницирање и соработка на творците од земјата домаќин и странските учесници.
Како едиснтвен учесник од Македонија, Чаловски ќе има авторски настапи во Сиќево и Ниш, а во рамките на едицијата на колонијата за идната година ќе биде објавен избор на неговото поетско творештво на српски јазик.