Влатко Стефановски со настап во општина Илинден за патрониот празник

Настап на Влатко Стефановски Трио на патрониот празник на општина Илинден…

Под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ вечерва во општина Илинден ќе бидат одбележани патрониот празник на општината – „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио. Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски.

Ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум, велат од општина Илинден.

You May Also Like