МРТ го возобновува Скопски фестивал

Македонската радио телевизија  ја оставрува својата мисија да ја негува македонската музичка традиција и да посветува внимание на културата. Враќањето на Скопскиот фестивал во својот оргинален формат го потврдува тоа.

Во сабота (17 ноември) на сцената на Македонската опера и балет ќе се појават вкупно 18 изведувачи од Македонија кои во целост ги исполниле критериумите на Фестивалот. Пеачите ќе бидат придружувани од 54 музичари. Македонскиот верзија на „Сан Ремо“ ќе биде директно пренесувана во живо со почеток од 20:00 часот на Јавниот радиодифузен сервис.

Да се учествува на Скопскиот фестивал е престиж, а без него го изгубивме македонскиот идентитет на песната, според директорот на фестивалот Кире Костов.

Порано Скопскиот фестивал беше место од каде излегуваа хитови. Од 1968 година па до 1987 година беше фестивал за почит. Подоцна се се измени и фестивалот не се одржуваше секоја година, изборот на песни беше различен, изборот за Евросонг го поврзаа со овој фестивал. Се направија многу нешта, а фестивалот пропаѓаше. Сметаме дека овој фестивал заслужува свое заживување, изјави Костов – пренесува Курир.

На годинешниот Скопје фест 2012 ќе настапат: Драган Мијалковски, Ристо Самарџиев, Верица Пандиловска, Јана Бурческа, Александар Тарабунов, Ламбе Алабакоски, Наде Талевска, Ѓоко Таневски, Влатко Илиевски, Андријана Јаневска, Бојан Стојков, Арија, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Лаура Крлиу, Нико Георгиевски и Александра Пилева.

Водител на фестивалот ќе биде големиот Игор Џамбазов. Овогодинешниот Скопје фест ќе биде од ревијален карактер, без доделување на награди.

Влезниците се пуштени во продажба и истите се по цена од 400, 600 и 800 денари.

1.Јас сум само твој – Ѓоко Танески
Композитор: Зоран Алексиќ, Текстописец: Ѓоко Танески, Аранжер: Кире Костов

2. Би била твоја – Јана Бурческа
Композитор: Валентино Скендеровски, Текстописец: Јана Бурческа, Аранжер: Валентино Скендеровски

3.Срце од стакло – Арија
Композитор: Бојан Ѓошевски, Текстописец: Огнен Неделковски, Аранжер: Кире Костов

4.Ноќва е тајна – Наде Талевска
Композитор: Григор Копров, Текстописец: Јордан Данаиловски, Аранжер: Владимир Дојчиновски

5.Љубовта е авантура – Нико Георгиевски
Композитор: Драган Вучиќ, Текстописец: Миодраг Врчаковски, Аранжер: Кире Костов

6.Во пепелта на љубовта – Влатко Илиевски
Композитор: Љупчо Мирковски, Текстописец: Огнен Неделковски, Аранжер: Љупчо Мирковски

7.Било кој – Драган Мијалковски
Композитор: Драган Мијалковски, Текстописец: Драган Мијалковски, Аранжер: Демир Имери

8.Залудно е – Тамара Тодевска
Композитор: Роберт Билбилов, Текстописец: Ксенија Николова, Аранжер: Живоин Глишиќ

9. Ланче под перница – Александар Тарабунов
Композитор: Кире Костов, Текстописец: Миодраг Врчаковски, Аранжер: Кире Костов

10. Во мене едно – Дани Димитровска
Композитор: Весна Малинова, Текстописец: Весна Малинова, Аранжер: Кокан Димушевски

11. Милица – Ристо Самарџиев
Композитор: Ристо Самарџиев, Текстописец: Демир Имери, Аранжер: Ристо Самарџиев

12. Ти не си таков – Верица Пандиловска и хорот Рустико
Композитор: Љупчо Мирковски, Текстописец: Јасмина Кантарџиева, Аранжер: Љупчо Мирковски

13.Живеам за нас – Ламбе Алабаковски
Композитор: Дарко Димитров, Текстописец: Елена Ристеска, Аранжер: Дарко Димитров

14. Можеби – Андријана Јаневска
Автор: Андријана Јаневска

15. Заборави – Бојан Стојков
Композитор: Љупчо Трајковски Фис, Текстописец: Бојан Стојков, Аранжер: Љупчо Трајковски Фис

16. Имам јас се – Александра Пилева
Композитор: Владимир Дојчиновски, Текстописец: Кристина Арнаудова, Аранжер: Владимир Дојчиновски

17. Кој е крив – Лаура Крлиу
Композитор: Весна Малинова, Текстописец: Весна Малинова, Аранжер: Живоин Глишиќ

18. Не лажи ме – Елена Ристевска
Композитор: Дарко Димитров, Текстописец: Елена Ристевска, Аранжер: Дарко Димитров

You May Also Like