„Сокол ми лета високо“ е изворна македонска песна каде се опејува смртта на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Во негова чест и како продолжување на неговата мисија за слободна Македонија, ансамблот на Стефче Стојковски револверот и пушките ги заменија со автентичните македонски инструменти и во ново руво ја создадоа „Сокол ми лета високо“ .
Тонското музичко студио Подрумот се погрижи за снимање на аудио записот, а за видео записот се погрижи М3 продукција со една добра екипа на вистински пријатели и почитувачи на македонската традиција.
Видеото беше вчера (среда, 30 јуни) промовирано во просториите на МКЦ Скопје, каде се одржа премиерата на спотот за песната „Сокол ми лета високо“
„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“- Гоце Делчев