Министерот за култура Канческа-Милевска во недела (18 март 2012 година) со почеток во 19:00 часот во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се обрати на отворањето на изложбата „Презентација на изработени парчиња современ накит“ во рамките на тематската работилница која во периодот од 12-18 март се одвива во Скопје.
Изложените парчиња современ накит ќе ја отсликаат сета вештина, дарба, знаење, оригиналност и фантазија на младите креативци. Како гости на настанот се најавени„Тавитјан брадерс трио“, кои ќе имаат музички настап.
Релизацијата на тематската работилница за изработка на накит беше првата од трите предведни работилници за унапредување на културните индустрии во нашата земја. Во јули и септември предвидено е да се одржат работилници за изработка на мебел и амбалажа.