Страхил Петровски со „Синергија во времето“ во Спомен-костурницата во Велес

„Синергија во времето“ е насловот на изложбата од Страхил Петровски која во среда (28 септември), со почеток во 19 часот ќе биде отворена во Спомен-костурницата во Велес.

Најновата видео инсталација на Петровски е зашеметувачки визуелен „кружен тек“ во(н) времето и просторот, каде не знаете дали сте вие во центарот на движењето или пак движењето иницирано од уметникот едноставно ве зграпчило и ве врти центрифугално и центрипетално низ својата патека, циклично забрзува и успорува оставајќи ви дел од секундата да се ориентирате и видите дел од опкружувањето, за да веднаш потоа повторно фрли во нова рунда вртежи.

Изложбата се отвора во рамките на Европските денови на културното наследство. Куратор на изложбата е историчарот на уметност, Златко Теодосиевски.

You May Also Like