Стартува 44-то издание на МОТ

Mеѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ), годинава ќе биде  домаќин на повеќе интересни театарски претстави од 8 држави кои во периодот од 13. до 21. септември на различни сцени ќе се претстават пред скопската публика.

  • Чест ми е што имам можност да присуствувам на најава на вакви институционални манифестации, затоа што МОТ е институција по која се препознава нашиот град, и да го најавам традиционалното 44-то издание на Млад отворен театар. Ќе имаме ретка можност и чест на 13-ти септември МОТ да отвори со перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина“, со кој годинава нашата држава на престижното Прашко квадриенале ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација -изјави градоначалникот на Скопје, Шилегов на прес-конференцијата во МКЦ.

На затварањето на Фестивалот ќе се претстават гостите од Атина со претставата насловена како „Чист град“ која ги разработува стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти коишто се однесуваат до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина.

  • Град Скопје препознава во МОТ една фундаментална институција и поради тоа ја зголеми поддршката на 3 милиони денари годинава од програмата за поддршка на проекти од областа на културата, и се надевам дека следната година нашиот пример ќе го следат од Министерството за култура бидејќи МОТ е МОТ- рече Шилегов.

You May Also Like