Самостојна изложба на Цветанка Јованова Хермес

На 27.09.2019 година (петок) со почеток од 19:30 часот во Центарот за култура во Неготино, ќе се одржи ликовна изложба на слики на Цветанка Јованова – Хермес.

Цветанка Јованова Хермес е родена во Неготино, Република Македонија, во 1979 година. Дипломирала во 2001 година на ФЛУ во Благоевград, Бугарија – отсек графика, а во 2011 година магистрирала на ФЛУ Скопје.

Учествувала на неколку групни изложби и на преку 100 колонии, работилници и ликовни перформанси во земјата и странство, како и петнаесетина самостојни изложби.

Јованова цели кон креирање на незаборавни уметнички дела, поттикнати од нејзиното искуство и секојдневие.

You May Also Like