Во Националната галерија на Мaкедонија, во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерва (понеделник, 26 ноември) од 19 часот ќе биде отворен 11-от Скопје постер фестивал, кој годинава ќе се одржува под мотото „Моќта на плакатот” и ќе може да се посети до 6 декември.
На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 плакати на тема „Моќта на плакатот”, дела од специјалниот гостин Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните десет фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето насловена „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.
Специјалниот гостин Славимир Стојановиќ Футро пред македонската публика утревечер во 19 часот во книжарницата „Литература.мк” ќе го претстави и својот роман со илустрирани раскази насловен „Девет”.
Нова страна, нова ера, нова декада…
——————
И покрај сите предизвици и институционални „сопки“, Плакарт – Здружението за графички дизјанери, односно Советот на Скопје постер фестивалот, одлучија да ја продолжат приказната за единствениот фестивал за плакат во регионот.
Новата ера не би значела вртење нова страна и отворање на една нова и поубава деката, доколку не постои:
1. Изненадување – Скопје постер фестивалот и понатаму ќе живее, поинтензивно;
2. Восхитување – специјален гостин на 11. СПФ е Славимир Стојановиќ – Футро
3. Вмрежување – можност за дружење, размена на искуства и знаење;
4. Промоција – поттикнување на дизајнерски набој, промоција на Градот Скопје и Република Македонија како центар во регионот за квалитетен, некомерцијален, општествено значаен дизајн!*
П Р О Г Р А М А
11. СПФ, 26 ноември – 6 декември 2018
|26 ноември, понеделник| 19.00 ч.,
Мултимедијален центар „Мала Станица“
ул. Јордан Мијалков 18
Свечено ОТВОРАЊЕ на 11. Скопје постер фестивал
/Изложба – Победници те од 10 години на СПФ на тема „Моќта на плакатот“/
/Изложба – Плакати од Славимир Стојановиќ – Футро/
/Изложба – Најдобри 100 плакати од 10 години СПФ/
/Изложба – Плакати од постер – акцијата СМОГЈЕ/
/Изложба – Млади дизајнери од Република Унгарија/
|27 ноември, вторник| 19.00 ч.
книжара “литература.мк”, ул, Македонија
Промоција на дизајнот со СЛАВИМИР СТОЈАНОВИЌ ФУТРО,
Промоција на Романот со илустрирани раскази /ДЕВЕТ/ од Славимир Стојановиќ Футро