Онлајн промоција на книгата „Како ти и јас“ на Тони Манџуковски – Манџук

Онлајн промоција на книгата “…Kao ti i ja… / Како ти и јас / …Like you and me…” Локација: Тесла бар

ONLINE ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА”…KAO TI I JA… / …КАКО ТИ И ЈАС… / …LIKE YOU AND ME…”

…љубовно патеписна поема – импресија од младоста на Никола Тесла…АВТОР: ТОНИ МАНЏУКОВСКИ – МАНЏУК
РЕЦЕЗЕНТИ: ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ И ТОМИСЛАВ ШУМИНОСКИ
АКТЕРСКА ЕКИПА: САШКО КОЦЕВ И РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА – (видео проекции)
ЛОКАЦИЈА: ONLINE од ТЕСЛА БАР, ул.Никола Тесла бр.9 Скопје

Во рамки на фестивалот Скопско лето 2020, online на фб страната на Skopsko Leto

Љубовно – патеписна поема импресија од младоста нa Никола Тесла
…шеста книга на авторот која е љубовно патеписна поема – импресија од младоста на Никола Тесла, напишана на хрватски , препеана на македонски и англиски јазик, составена од 9 дела, 6 града и 3 лика (јас, ти и како јас и ти) низ која преку призмата на младоста на Никола Тесла се обработува повеќеслојна тематика навидум преставена преку патеписна прошетка низ шест града која дава осврт и на духовната страна на Никола Тесла, но и на состојбите во нашиов регион (Загреб, Белград, Скопје) и влијанијата на дел од европските центри на моќ (Милано, Истанбул, Виена и Будимпешта) како и вечната инспирација за творење изразени преку енергија, вибрација и резонанца или преку сочуствување, убавина и љубов…

М-р ТОНИ МАНЏУКОВСКИ МАНЏУК, дипл. ел.инж, ИТ

Лето господово 1972, во хороскопски знак девица, подзнак шкорпија е роден во Скопје. По професија е ИТ систем инженер. Магистер по електротехнички науки. Писател, сценарист, продуцент и организатор.
Работи како систем инженер во ФЛАОП, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје. Работел како ИТ советник во “Радио Буба Мара”, “Машински факултет”, “Сеавус”, “ЕуроМак Брокер” и “Секретаријат за европски прашања”. Бил уредник водител во “Младинското радио Клуб 100” и “Студентско радио”. Бил главен и одговорен уредник на студентскиот магазин “Елфаско” и војнички весник “Врскар”.
Бил управител на неделникот “Форум” и на фирмата “ТриОкоТри”.
Од самиот почеток е член на организациониот штаб на “Златна Буба мара на популарноста” манифестација од музичко забавен карактер.Досега објавил 5 книги:
“Скалила кон градот на пингвините”
(1999 год., збирка на проза, поезија и фотографии)
“Скршениот Шестар”
(2001 год., еколошка бајка во 9 чина)
“Аквадукт”
(2005год., дузина кратки раскази)
“Анализа на електромагнетните појави во двобрзински еднофазен асинхрон кондезаторски мотор”
(2013 год., магистерски труд)
“Аманет”
(2015 год, дуодрама)Автор, сценарист, продуцент и режисер на 4 перформанси:
“Не е се во симболите, има нешто и позади нив”
изведен во Музејот на град Скопје од страна на Тони Михајловски и сајбер групата пингвини, 1999 год.
”Светот на мултитривијалноста”
изведен во Музејот на современа уметност од страна на
Дејан Лилиќ, Ирена Ристиќ, Јана Стоиќ и Давор Петровски, 2001 год.
”Корените од Аквадуктот”
изведен покрај скопскиот аквадукт од страна на
Дејан Лилиќ, Данило Коцевски и етно групата Монистра, 2005 год.
“Аманет”
изведен во Етнолошкиот музеј од страна на
Ирена Спировска и Јово Брамс, 2015 год.
Бил продукциски менаџер на документарен филм во германско – македонска копродукција “Macedonia, my love” 2009 год
Учесник во организација на манифестација “Крушево Етно Град”.
Член на FEIT Alumni, IEEE, Паневропа, Лајонс Клуб Вардар
Главен менаџер на македонскиот огранок на “Nikola Tesla Network”
Оженет е и татко на две деца.

Неговата адреса во сајбер светот е
mandzuk@gmail.com

You May Also Like