Објавена збирка поезија „Вода, плот и оган“ од Елизабета Јончиќ

Во издание на Битолскиот книжевен круг, излезе од печат книгата поезија „Вода, плот и оган“ од писателката Елизабета Јончиќ.

Јончиќ пишува поезија, проза, критика и драмски пиеси.

– Стихозбирката „Вода, плот и оган“ е себе својствено видување за човекот и (не)човечноста и за неговата еволуција во современите услови на живеење. Со таквата поставка авторката испишува сопствена космологија во која дешифрирајќи постоечки закономерности на живеењето и опирајќи се на силите на општествената гравитација, воспоставува свои маркери за возобновување на совршенството на несовршеноста, истакнува Весна Мундишевска – Велјановска, рецензент на книгата.

Елизабета Јончиќ е член на Друштвото на писателите на Македонија.

You May Also Like