Нов број на списанието за книжевност и култура АКТ

Списанието за книжевност и култура АКТ во своето 63-то издание донесува повеќе интересни содржини од македонската и светската книжевност.

Со свои најнови песни се застапени поети од различни генерации, проза објавуваат Драгана Ефтимова и Наташа Петроска, а во рубриката препеви се застапени Јуруслан Болатов од Балкарска Република, Дан Коман од Романија, Лилија Газизова од Татарстан и Мустафа Баље од Косово.

Во уводникот на бројот, насловен „Да се пишува за убавото“ главниот уредник Братислав Ташковски истакнува дека пишувањето можеби не е старо колку човекот, но убавината постои паралелно со него, се разликуваат само фазите или периодите на нашето восприемање на убавото.

Списанието АКТ може да се најде во книжарниците на Издавачкиот центар ТРИ, во продавниците во ГТЦ и во Дебар Маало.

You May Also Like