„Невозможна мисија: Последици” доаѓа во кино „Милениум”

Новиот, шести дел од популарниот филмски серијал, „Невозможна мисија: Последици”, каде Том Круз повторно се појавува во улогата на Итан Хант, од утре (четврток, 26 јули) ќе се прикажува во кино „Милениум” во Скопје.

Ова остварување ќе биде на репертоарот во 20 часот, а во останатите улоги се појавуваат Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Анџела Басет, Хенри Кавил и Алек Болдвин. Во „Милениум” ќе продожат да играат и „Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат”, „Мама миа! Одиме повторно”, „Сикарио 2: Војна без правила” додека во сабота и недела во 11 часот ќе се прикажува и анимираниот филм „Неверојатните 2″.

„Невoзможна мисија: Последици” неодамна беше премиерно прикажан во Париз по што доби исклучително добри критики и беше оценет како „спектакуларен”, „неверојатно одличен” и „филм на летото”. Круз уште еднаш се појавува во улогата на Итан Хант кој овој пат заедно со неговите сојузници се наоѓаат во трка со времето кога мисијата ќе тргне на лошо. Фантастичната актерска екипа создава динамичен тим, а на чело е режисерот Кристофер Меквири.

Мјузиклот „Мама миа! Одиме повторно” ќе игра во 17.30 часот, а главните улоги ги толкуваат: Лили Џејмс, Аманда Сејфрид, Мерил Стрип, Пирс Броснан, Колин Фирт и други. Акцијата „ Сикарио 2: Војна без правила” е на репертоарот во 22 часот, а во остварувањето играат Бенисио Дел Торо и Џош Бролин. Војната поради дрога на границата помеѓу САД и Мексико ескалира поради што картелите почнуваат да тргуваат со терористите на американската граница.

„Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат” во работните денови се прикажува во 15 часот додека во сабота и недела игра во 13.30 Овој пат невообичаеното семејство тргнува на одмор каде грофот Дракула почнува и романтична врска. Гласовите во анимираниот филм ги позајмуваат: Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Самберг и други.

Во сабота и недела во 11 часот ќе игрa анимираниот филм „Неверојатните 2″ во кој семејството на суперхерои е ставено пред нов предизвик, но овој пат господинот Неверојатен ги чува децата додека Елен (Еластигрл) го спасува светот. Билетите за сите проекции во кино „Милениум” чинат 150 денари.

You May Also Like