На денешен ден: Роден е Василие Поповиќ – Цицо

На денешен ден (12 февруари) роден е Василие Поповиќ – Цицо, сликар, карикатурист, сценограф, и еден од основоположниците на сценографијата во МНТ (Скадар, 12 февруари 1914 – Скопје, 10 декември 1962) .

Василие Поповиќ – Цицо е дизајнер на грбот на НР Македонија, врз кој во голема мера се темели и денешниот грб на современа Македонија.

Интересот за карикатура кај него се јавува во неговите гимназиски денови. Цицо тогаш ги прави своите први карикатури, а најчести модели биле неговите наставници. Тој со голема љубопитност ги проследува карикатурите на Пјер Крижаниќ објавувани во весникот Политика, кои дополнително го поттикнуваат.

Своите сликарски вештини по гимназијата ги усовршува кај тогаш веќе етаблираниот уметник Никола Мартиновски, кому му помагал при изработката на неколку ѕидни слики, меѓу кои и слика за куќата на скопскиот трговец Михајло Шкаперда (објектот на денешната амбасада на Италија) во 1933 година.

You May Also Like