Суеверија запишани од страна на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов – Џинот…
Добродетељу сладкиј! Времето ми пројде, умо оште не ми дојде.
- Кукавицата ме проби, то ест ме уби, зашто на гладно срце ја чух… Може да умре некој от нашата кушта.
- Ластовицата лежајушта ја видох, и не бех весел, чини ми се зла година ште ми биде.
- Штркот ме уби, зашто сос голи нози го видох, оваја година не сум на добро.
- Пупунецот зло ми испупа, и душата ште ми смерди на пупунчовина – понеже в постела го чух.
- Грлицата ме прогрла, грло ште ме хвашта… Како слеп и луд – не ми дотекна во постелата хлеб да си чувам, и како ште викне, аз абие во уста хлебат.
- До Духовден добре да се пазиш – в недеља, четверток и петок и суббота да даваш на чадата твои травка што ја говорат среќа, штото да ти се среќни. Зашто ми в Велесс и Скопје тако чинимо.
- Молим те во сенка да не гледаш, зашто нефела (не е волја), може нешто ноштес да ти дојде да те дави.
- Под стреа не ходи и не седи, да те не снајдат (оградисаш), после ќе умреш.
- На раскрсница нефела да поминуваш, зашто ште те хватат невидимо самовилите и дјаволите да не те видат, после умат да не ти земат. Не си чул Миленка воденичара со камења како го гониле и камењето му запирале?
- Брате мој, жално мене! Черно јагне видох, зло големо! Годината черна и темна што ми биде.
- Спах под лошо древо, под круша горница (дива) и под стар жур, где што се собирајат самовилите. Тамо ме снајдоха – и сега во постелата ми идат. За това ште прикажам на баба Прелковица (волшебницата тако ја зоват) да ми каже чивутки ли се или Ерменки, али друга некоја вера.
- Детето ми е болно, не знам што да чинам? Сестро, е повземето го љубат самовилите. Они го дават, за това се плаши. Вештицата го испила и черниј џигер (дроб) му изела. Да го отнесеме да го види Стоја вештица, што го пие – жена ли е девојка ли е?
- Мори сестро иди при Милоша нека му гледа. Не девера ти Тоша Милош позна. Бог иу Свјатиј Никола и Свјатаја Недеља и Свјатаја Петка нему му казуват все што се чини на векат.
- Хм, хм! Нема ли тија што ја сметнуваха мјасечината да рика на гумното, на стожерот?
- Ти искаш лек да најдеш? Иди в церква да им извадиш очите на свјатците, сос вода испи ги, пек ште оздравееш. Бог да ја прости, Кадае Ѓупката (Циганката) ми кажала!
- Утре во глуха доба или ан река, легни на плеки, наполни еден бардак вода, после измиј сја, ште будеш млада. Зашто иначе довека ште будеш груба.
- Аз отидох во Свјати Никита, в скопски монастир. Калугер Захарија ми написа амајлии и вода мја попрска да оиздравејам. Но оче Тарасија от Благовештение, манастир скопски, ми рече: „Лаже Захарија, ела аз ште ти писам подобре„. Но дедо Нове калугер не ест свјаштеник, ма ни крштава вода сос петрахил и ни бае, ни заврзува, ни кажува како се разговара с ангелите.
- Днеска е понеделник, што си дошел ти, нештастлив човече? С зло ме полази, денат мрцина што ми пројде.
- Некој лошав човек ме полази, отњуд (хич) не сум харен.
- зашто веднаш се напихте вода? Нефела, кровта си испихте. Залакат што си оставаш? Зашто к’смедат ни земаш?
- Не знам што ште чинам? Чехлите ничкум ми се превртиха. Чини ми се ште умрам.
- Окото лево ми играе. Нека е на добро. Ноштеска зол сон соних. Нека е на добро.
- В петок и бела суббота не бива да се бричиш и да се миеш.
- Кога гледаш во месечината, не погледнуј во человека, зашто тој месец все на штета ште буде.
Приимај овии 24 устава от Охрид, Прилеп, Велесс, Штип, КУманово, Скопје . Ште следува и молитва волшебнаја за тежка болест, прорицание от далак, запотка (запјатија), от грозница. заврзуват на рука от грозница, и други много волшебства за чудо и смеха и буделштина.
Запишал Јордан Хаџи Константинов Џинот. „Цареградски вестрник“, бр. 88 (21.јуни 1852)