На денешен ден: Почина Гоце Влахов

На денешен ден (недела, 28 јули 2019 година) почина македонскиот актер Гоце Влахов, на 70-годишна возраст.

Неговата сопруга и ќерката преку социјалните мрежи соопштија дека Влахов починал по храбра шестгодишна борба со рак.

Гоце Влахов е роден на 12 мај, 1949 година. Ќе остане запаметен по улогите во Македонските народни приказни, од раните 70-ти до 90-тите години.

Влахов остварил и низа филмски и телевизиски улоги во текот на неговата повеќедецениска кариера: „Македонски дел од пеколот“ (1971), „Јад“ (1975), „Илинден“ (1982), „Оловна бригада“ (1980), „Јуначко колено“ (1984), „Климент Охридски“ (1986), „Трст виа Скопје“ (1986), „Тврдокорни“ (1988), „Опстанок“ (1991), „Во светот на бајките“ (1995), „Погрешно време“ (2000), „Чекор пред времето“ (2003), „Андер“ (2004), „Сенки“ (2007), „Бунило“ (2009).

Последна филмска улога му беше во филмот „Мајки“ (2010) на режисерот Милчо Манчевски.

You May Also Like