На денешен ден: Почина Ѓорѓи Чулаковски –Џото

На денешен ден почина Ѓорѓи Чулаковски –Џото (с. Герман, денешна Грција, 25.11.1947 – Скопје, Македонија 16.9.2019), истакнат македонски уметник.

Факултет за ликовни уметности завршил во Приштина. Бил на магистерски студии во Белград. Член на ДЛУМ од 1978 година. Остварил студиски патувања во Париз, Штутгарт, Норвешка, Финска, Детроит и Куала Лумпур.

Бил претседател на ДЛУМ од 1987-90 година; директор на Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, Скопје, од 1984-91 година; директор на Музеј на град Скопје од 1999 до 2003 година; претседател на Битолското графичко триенале од 1999 до 2003 година, а бил член и на бројни жири комисии за повеќе изложби.

Чулаковски е еден од најпознатите македонски графичари, со нов уметнички дух, кој со својата виртуозност и техничка перфекција, како и педагошката дејност (која ја пренесува на младите генерациии) успева да ја збогати комплексната слика на уметноста на нашето време.

Благодарејќи на високото познавање и владеење на графичката дисциплина, како и со неговиот естетски, интелектуален и психолшки пристап, Чулаковски создаде дела со специфичен, префинет поетски сензибилитет, афирмирајќи се како инвентивна и талентирана творечка личност.

Извор: Национална галерија

You May Also Like