„Ловци на вештерки“ прикажан на престижниот „Санденс“ фестивал

По светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто и освоената награда на младата публика, филмот „Ловци на вештерки“ продолжи на повеќе од 30 филмски фестивали и награди по светот, a големиот успех го круниса со учеството на филмскиот фестивал „Санденс“.

Фестивалот е основан во 1981 година од страна на филмската икона Роберт Редфорд, Фестивалот има за цел да ја поврзува публиката со уметниците во разгорување на нови филмски идеи, откривање оригинални приказни и градење филмска заедница посветена на независниот филм.

„Ловци на вештерки” е македонско-српска копродукција, која ја раскажува приказната за Јован, 10-годишно момче, родено со делумна церебрална парализа. Неговиот живот е условен од оваа ситуација. Преку својата имагинација Јован бега во светот на фантазијата во која тој е слободен да направи се и да биде оној кој сака, еден вид Суперхерој.

-Оваа прекрасна семејна приказна на недопрен растеж и искрено пријателство беше снимана пет недели во Белград, а целиот проект беше поддржан од: Филмскиот центар на Србија, МЕДИА програмата во склоп на Креативна Европа, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Република Србија, како и продукциските куќи Акција Продукција/-Србија и Дрим Фектори од Македонија, наведуваат од македонската продукциска куќа.

Улогите во филмот ги толкуваат Михајло Милавиќ, Силма Махмут, Јелена Докиќ, нашата Јелена Јованова, Бојан Жировиќ и Милутин Милошевиќ.

Филмот го режираше Рашко Миљковиќ, сценаристи беа Марко Манојловиќ и Милош Kрeчковиќ, костимографи се Ирена Анастасовска и Милена Миленковиќ. Звукот го снимаше Игор Поповски, директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, монтажер е Ѓорге Марковиќ, извршен продуцент е Стојан Вујичиќ, а продуценти на филмот се Јована Караулиќ и Огнен Антов.

По премиерата и киноприкажувањето во Скопје, Дрим Фектори најавува дека филмот наскоро ке биде представен пред битолската филмска публика.

You May Also Like