Во КИЦ, Изложбениот салон – Империјал 2 на 6 септември 2018 (четврток) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложбата „Мистична безазленост“ на Дије Блаца.
ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2 , во четврток (6 септември 2018 год.) ќе се отвори изложбата „Мистична безазленост“, слики од Дије Блаца, ликовен уметник од Косово. Истата ќе биде отворена до 16. 09. 2018 година.
Дије Блаца е родена 1982 во Подујево, Косово. По професија е професор по ликовна уметност, сликарка . Дипломирала сликарство на Универзитетот во Приштина ,,Хасан Приштина“, Факултет на уметностите (сликарство), а завршила мастер за сликарство на истиот во 2007-ма година.
Учествувала на бројни групни изложби и културни настани во Косово и многу други земји : Албанија , Македонија , Германија , Австрија , Аргентина , Турција и др. .
САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ
2007 – Галерија на Министерство за култура , Приштина, Косово.
2012 – Галерија на Министерство за култура , Приштина, Косово.
2018 – Културно Информативен Центар – Скопје
НАГРАДИ
2007 – награда од Друштво на ликовни уметници “Зеф Коломби”, Урошевац за креативна работа од областа на сликарството.
2013 – награда од Друштвото на ликовни уметници „Драудакум“, Гостивар, Р.Македонија .