Македонски весник ИЛИНДЕН стана дел од најголемата платформа за вести Grid.mk.
Сега Македонскиот весникот ИЛИНДЕН ќе биде уште поблиску до читателите. ИЛИНДЕН стана прв весник на Македонците од Балканот што е дел од една поглобална платформа за вести. Благодарност на тимот на Grid.mk, изрази главниот и одговорен уредник на весникот и познат публицист Никола Ѓурѓај.
Првиот број на Македонскиот весникот ИЛИНДЕН беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април, а во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија, татковината Македонија и кај сите Македонци во соседството и во светот.
Весникот претежно пренесува информации за матичната земја Македонија и за Македонците во Албанија. Сега можноста е многу поголема, затоа што се’ што објавува весникот околу активностите, негувањето на традициите и обичаите, објавените книги, монографии и публикации на Македонците во Албанија, ќе може да прочитат и да се запознаат сите Македонци каде и да се во светот.
Македонскиот весник ИЛИНДЕН е издание на Македонското друштво ИЛИНДЕН од Тирана, чии основни цели се заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот, верскиот, историскиот и државниот идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.