IN MEMORIAM: Почина Кире Костов

Денес (27 јули 2023) по подолго боледување, почина големиот македонски композитор Кире Костов.

Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до неговото одење во пензија и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.

Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Бише еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си – до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година.

Бише уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика.

Добитник е на бројни награди и признанија.

You May Also Like