Документарецот „Gold Along the Banks“ викендов во Кинотека на Македонија

На 21 и 22 јануари 2012 година (сабота и недела) со почеток во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Gold Along the Banks“.

Настанот е во организација на културно – информативниот центар на Србите во Македонија, а е поддржан од Кинотека на Македонија. Филмот Злато крај бреговите („Gold Along the Banks“) го прикажува животот, амбициите и визиите на уличните уметници, музичари, дизајнери, студенти и други млади Белграѓани. Секој од нив успеал во своите замисли без никаква помош и донации.

Филмот го опишува токму тоа, нивните импресии и планови за во иднина. Автор на филмот е Никола Зечевиќ од Холандија, кој во 2009 година доаѓа во Белград да го изучува српскиот јазик. Воодушевен од оргиналноста и креативните иницијативи кои ги покренуваат младите луѓе во Белград, по враќањето во Холандија одлучува да го сними овој филм за да му ја прикаже белградската сцена на остатокот на светот.

Влезот за проекцијата е 50 денари.

You May Also Like