Промоција на „Писма“ од Славица Гаџова во Струмица

На 6 февруари (среда), во 19:30 часот во галерискиот простор на Музејот на град Струмица, Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст“ организира промоција на поетската збирка „Писма“ на Славица Гаџова.

Медијатор на промоцијата на „Писма“ на Славица Гаџова ќе биде Митко Гогов, промотор Ацо Гогов, додека нејзините песни ќе ги интерпретира Ангелина Тренчева Ангелова.

———————
Славица Гаџова (1984, Битола), магистер на филолошки науки, докторанд на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје и надворешен соработник на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Република Словачка. Се занимава со истражување на односите меѓу книжевноста и дискурсите на моќта, репрезентациите на политичкото насилство во книжевноста, односите моќ-знаење-вистина во рамки на прозата, како и интермедијалните релации меѓу романот и филмот.

You May Also Like