Вечер (сабота, 14 јули) во 21:00 часот на летната сцена на Забавниот парк Луна, во рамките на Нескафе киното се прикажува „Мачорот во чизми“ (PUSS IN BOOTS).
Анимираната акциска комедија „Мачорот во чизми“ е од 2011 и е во американска продукција.Режијата е на Крис Милер, а гласовите ги позајмуваат: Антонио Бандерас, Селма Хаек, Зек Галифијанакис, Били Боб Торнтон,…
Бунтовник, љубовник, херој со 9 животи, а една судбина: Низ најновата сторија за омилениот лик од серијалот филмови „Шрек“, дознаваме што се’ се случувало низ мачешките борби со мечување во пресрет на средбата на главниот јунак со зелениот огр и неговите пријателчиња…
Филмот имаше номинации за Оскар и Златен глобус за најдобар анимиран филм. Исто така имаше и 9 номинации за анимираните филмски награди ЕНИ.