Скопско лето: Концерт на млади виолинисти

Вечер (сабота, 14 јули) во 20:30 часот во Музејот на град Скопје концерт ќе одржат учесниците на семинарот по виолина кај професорите Анна и Олег Кондратенко.

Четири години по ред почнувајќи од 2009 година, Музичка младина на Македонија во континуитет гo одржува возобновениот семинар по виолина за повеќе возрасти, под раководство на познатите педагози и концертантни музичари Олег и Анна Кондратенко. Семинарот  веќе побудува особен интерес кај младите виолинисти од нашата земја, но и од странство.

За резултатите на овој семинар-мајсторска школа зборуваат и мошне квалитетните завршни концерти на кои што настапуваат не само млади музичари кои се на почеток од своето музичко образование, туку и веќе оформени виолинисти кои ја претствауваат македонската култура во земјата и во странство.

Во сесијата на мајсторската виолинистичка школа, која до оваа година се одржуваше во  Охрид,а сега во Скопје во соработка со Младинскиот културен центар-учествуваат можеби најдобрите млади виолинисти од нашава земја, кои што низ перманентно изучување на нови програми истите ќе ги презентираат не само на концертот на Скопско лето, туку и понатаму на концертите кои ќе следат како во земјата, така и во странство.

You May Also Like