Вечерва (среда, 24 октомври) на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ е претставата “Исти на различен начин”, која е реализирана по иницијатива на Народниот правобранител на Македонија, а поддржана од Министерството за култура и Холанска амбасада.
Автор на претставата е Венко Андоновски, а е во режија на Наташа Поплавска. Улогите ги толкуваат : Сашко Коцев, Венко Андоновски, Наташа Поплавска, Нина Деан, Бесфорд Идризи, Зиба Радончиќ, Емран Куртишова.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот, влезот е слободен.