Романот „Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска Георгиева, со своето прво меѓународно издание. Реномираниот српски издавач „Геопоетика“ го објави во својата едиција „Светот на прозата“, заедно со најактуелните светски имиња од книжевната сцена.
Истиот беше добитник на наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008 година. Преводот на српски е на Ристо Василевски.
„Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска Георгиева е еден од најпопуларните романи кај македонската читателска публика, кој оваа година го доживеа своето шесто издание.
Во претставувањето пред српската публика, издавачот и автор Владислав Бајац истакнува:
„Она што на прв поглед изгледа како почеток на авантуристичко-љубовен роман се претвора во пат на соочување со самиот себе и спознавање на внатрешното битие… Иако богат со разговори за апстрактното и недофатливото, Индиго Бомбај ги води читателите со ритам кој може да застане рамо до рамо со најдобрите криминалистички романи. Овој роман е како енциклопедија на езотерични слики на границата на сонот и јавето, бои, мириси, раскош и сиромаштија кои овој неверојатен град ги содржи.“