Во издание на „Бата прес“ во едицијата „Народни умотворби“ излезе од печат втората книга „Зборник: македонски горански песни“ што ги собра Мехмет Хоџа, горанец, писател и новинар од Република Албанија.
Двата тома, првата книга излезе во 2011 година, што ги редактирташе и лекторираше проф. д-р Васил Дрвошанов содржат 514 народни песни на Гораните од Албанија, Косово и Македонија.
Двете изданија се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на Националната програма за култура за 2011 и 2012 година.
Зборникот во првите месеци на идната година ќе биде промовиран во Република Албанија, а веќе го има во централните библиотеки во Република Македонија.