По повод стогодишнина од раѓањето на АЛЕНКА ГЕРЛОВИЧ (1919—2010) и најзиниот престој и творење во Македонија (1953–1957), ќе се отвори изложба во понеделник (1 април 2019) со почеток во 18 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.
„Покрај Треска се белееше ред тополи со сребрено-бели стебла на вечерното сонце. До нив мирно стоеше бел коњ. Долго го цртав. Беше неподвижен на вечерното сонце. Белината на девојченцето на прозорецот, на жените во Кучевиште, на тополите и на белиот коњ, тоа е истиот дел на Македонија. Тоа е нешто чисто и поетично, без егзотика…“
Изложбата од збирката на депото на Посавскиот музеј во Брежице претставува мал дел од донацијата на Аленка Герлович, врзана за цртежите што како љубопитна патничка, истражувачка и уметничка ги бележела по цела Македонија.
Во својата книга „Деланки од мојот живот” сликарката Аленка Герлович запишала дека ликовните посети во Македонија каде што во шеесетите години ги поминала сите лета бил обиколница во нејзиниот развој како пејзажна сликарка.
За нејзината подоцнежна работа било поважно доживувањето на монументалноста и голотијата на македонската покраина. Меѓутоа, тогаш ја привлекло богатството од мотиви на фигури, затоа по цели денови цртала луѓе и животни на „пазарите”, по селата и во „циганските маала”.
Изложбата ќе ја претстави Ожи Лорбер, кустос во музејот, Посавски музеј Брежице.