Новиот број на „Синтези“ посветен на Дуковски

28-от број на списанието „Синтези“ е посветен на најзначајниот македонски современ драмски автор Дејан Дуковски.

Воведниот текст „Многу бројки и некоја буква“ е на проф Јелена Лужина која пишува за драмите на Дуковски, на професорката Јелена Лужина, а во рубриката „Соочувања“ за авторот пишуваат режисерот Александар Поповски и актерот Никола Ристановски.

Во списанието  е објавена и драмата „Галилео Галилеј“, потоа библиографија, театрографија и филмографија, како и фотографии од театарските изведби на Дејан Дуковски низ светот.
Во „Синтези“ е објавен и избор од поезијата на неодамна починатата поетеса Светлана Христова-Јоциќ, како и текстови од Игор Исаковски, Веле Смилевски, Трајче Кацаров, Влада Урошевиќ, Ристо Лазаров и др.

You May Also Like