Трајче Ѓорѓиев со пантомимата „Човекот“ во Порта Македонија

Вечер (понеделник, 29 април 2013) во 20:00 часот во Порта Македонија, актерот Трајче Ѓорѓиев ќе ја изведе пантомимиската претстава „Човекот“.

По пет години отсуство од сцените низ Македонија, претставата која гостуваше на многубројни фестивали низ светот- Кина, САД, Германија, Бугарија, Словенија, Хрватска…се враќа на сцената на Порта – Македонија.

Инаку, неодамна на првиот Интернационален фестивал на монодрамата, пантомимата и кабарето “Златни Рис” во Бања Лука (Република Српска), Трајче Ѓорѓиев ја освои наградата “Најбољи Покрет” (Најдобро сценско движење) од стручното жири, токму за неговата претстава – пантомима, “Човекот”.

You May Also Like