По повод изјавите од страна на новоизбраниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, и најавениот мораториум за градбите од проектот Скопје 2014, се огласија од Министерството за култура:
„Во врска со одлуката на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за прогласување на мораториум врз градбите од „Скопје 2014“, информираме дека градоначалникот на оваа општина нема правен основ да пропише било каков мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на Министерството за култура. Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија, а објектите се градат во согласност со добиените правосилни одобренија за градење. Со почит, Министерство за култура.“