Театарска претстава „Ни ваму, ни таму“ повторно на репертоарот во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид, утревечер (сабота, 26-ти Ноември 2011 година), со почеток во 20:00 часот.
Театарска претстава за старата македонска болка – печалбарството. Ама сега поинаку. Како благ мелем на лута рана.
Двајца Македонци, едниот иселеник а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите на Mакедонија и „светот“.
Извонред на актерска игра, со длабока доживеаност. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот од една страна, и емотивен прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници од друга страна …КАДЕ, КАДЕ Е ПУСТИНАТА, ПОАРНО?
За жал или среќа – како се земе – вие гледачу ќе морате сами да си одговорите!!! Затоа морате да дојдете! Сами да видите! Ви пожелуваат пријатна претстава и паметен одговор!
Мони, Упа и Стрезо.