Тарзан синхронизиран на македонски во Синеплекс

Љубителите на филмот и пошироката македонска публика за прв пат ќе имаат можност да го погледнат првиот цртан филм синхронизиран на македонски јазик „Гумениот Тарзан 3D“. Филмот ќе се прикажува во кино салите на Cineplexx во Скопје, почнувајќи од петок (23 ноември).

Дистрибутивната куќа MCF Македонија, задолжена за синхронизација на овој филм и негова дистибуција е независна дистрибутивна компанија, партнер на Cineplexx International во Србија, Црна Гора и Македонија.

Со цел да го доближат овој филм до младите генерации, своите гласови ги позајмија македонските актерија : Никола Ристановски во улогата на Таткото, Трајче Георгиев – Иван, Снежана Коневски Руси – Лоти, Зорица Панчиќ – Вештерката, Билјана Беличанец – Ким, Магдалена Ризова-Черних – Старицата, Дејан Лилиќ – Наставникот, Горазд Цветковски – Директорот, Александар Микиќ – Месарот, Сашко Коцев – Карстен, и Александар Алексовски – Тренерот. Режисер на над синхронизација е Снежана Коневски Руси. За неговото снимање и постпродукција е задолжено Студио Кларион.

You May Also Like