Вечерва (среда, 21 ноември), со почеток во 19:00 часот, во просториите на Центарот LOJA во Тетово, е отварањето на изложбата на фотографии „Култура на помнењето“.
Фотографиите кои се прикажани на изложбата се различни. Некои од нив припаѓаат на колекции на лични албуми, и некои се неодамна снимени, аматерски и професионални фотографии, во различни формати. На некои фотографии може да видиме насмеани детски лица на роденденска прослава како се смеат и играат, и на други лични предмети на деца кои трагично биле убиени за време на војната. Некои фотографии претставуваат потсетници на среќните времиња и други се снимени за време на војна или ги покажуваат последиците од војната и конфликтот во поранешна Југославија.
Секоја фотографија или повеќе фотографии претставуваат сеќавање на моментот или периодот од минатото раскажани преку лични приказни. Приказните не ја опишуваат секогаш фотографијата која што ја гледаме, туку често може да претставуваат интимен визулен потсетник на опишаниот настан.
Изложбата “Култура на помнењето” беше создадена како финален проект на Партиципативната мрежа на културата на помнењето поддржана од страна на SCP – Швајцарскиот програм за култура во западен Балкан. Целта на проектот е преку уметноста и културата да се придонесе кон развојните процеси за афирмација на толеранцијата и демократизацијата во општествата на западниот Балкан.
Учесниците кои доаѓаат од шест земји: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Германија, Косово, и Србија, беа поканети да испратат фотографии и да напишат кратка приказна поврзана со дадените фотографии, и ако имаат желба, да ги поканат нивните пријатели да учествуваат на изложбата. Најдобрите бесплатни казино игри може да се најдат на веб-локацијата https://igrikazino.com/ најновите слотови и игри на интернет
Изложбата сега е во Тетово после успешната презентација во Сараево и Белград. После Тетово изложбата ќе биде претставена и во Приштина, Берлин како и во Франкфурт.