Денес, се одбележува православниот празник Собор на св. архангел Михаил.
Празник е утврден утше во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, затоа што архангел Михаил претставува војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит За небесната хиерархија. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.
Михаил е архангел споменат во Откровението во Стариот Завет по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел.
Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“. По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“).
Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.
Пророкот Даниел имал привидение по извесно време постење. Во привидениото еден ангел му кажува дека Михаил е заштитник на Израел. Подоцна во привидението, на Даниел му наговестуваат дека Михаил ќе застане на нивна страна во неволјите кои следат. Во Хебрејската Библија, Михаил повеќе не се споменува.
Михаил во Книгата на Енох е даден како „кнез на Израел“ и „архистратег“ на Бога. Тој е ангелот на воздржувањето и милоста кој го научил Енох на тајните благоста и правдата. Во книгата Јубилеи , ангелот кој го водел Мојсеј на планината Синај Му ги дал плочките на Законот најверојатно бил Михаил.
Според некои христијански теолози св. Михаил може да се јави во Писмото каде неговото име не е споменато. Примери за ова се херувимот кој стоел на портата на рајот, „за да го штити(ат) патот, кон дрвото на животот“ , ангелот преку кој Бог го објавил свето Второзаконие на избраниот народ, ангелот кој му го попречувал патот на Валаам, ангелот кој ја истерал војската на Сенахерим.
Би било природно св. Михаил, како поборник за евреите, да биде и поборник за христијаните, донесувајќи им победи во војните. Меѓутоа раните христијани ги сметале некои од великомачениците за нивни воени заштитници: Св. Ѓроѓи, Св. Теодор Тирон, Св. Димитриј, Св. Сергиј, Св. Прокопиј, Св. Меркуриј, и тн.; а на Св. Михаил му ги доверувале болните. На местото каде за прв пат бил возвишуван во Фригија, неговата слава како ангелски лекар ја засенила неговата воена улога. Ова уште од рано време бил центарот на обожување на ангели, особено Св Михаил. Според предание уште во многу старо време Михаил направил да бликне извор Хаиротопа близу Колос, каде сите болни кои се капеле и ја повикувале Блажената Троица и Св. Михаил, биле излечени.