Утре (сабота, 9 март, 2013) во 12:00 часот Македонската филхармонија организира Симфониски концерт за деца.
На концертот ќе биде изведен избор од делото „Слики од изложба“ на Мусогорски, а со Mакедонската филхармонија ќе диригира Борјан Цанев.
Покровител на симфониските концерти за деца е г-ѓа Маја Ивановa, сопруга на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.