Промоција на „Кожата на прилепското поднебје“ во МСУ

Утре (среда, 26 декември) во 12:00 часот во кино салата на НУ Музеј на современата уметност-Скопје ќе биде промовирана книгата – ликовно дело насловена „φ21°33′, λ41°21 – Кожата на прилепското поднебје“ од  Петре Николоски.

Како резултат од оваа долгорочна соработка преку проектот „Амнезија“ на кураторот Захаринка Алексоска Бачева, поставен во Музејот на современата уметност во Скопје (јуни-август 2011 год) која беше повод за создавањето на оваа книга – ликовно дело.

Повод за создавање на ова повеќеслојно дело, што нуди една длабинска анализа на прилепскиот предел од сите можни научни и творечки погледи сo помош и соработка на личности што се емотивно или професионално поврзани со тоа поднебје, беа промените на урбаниот пејзаж на Прилеп, како и конфигурацијата на околните планини, шуми и пасишта по ридовите, забележани од авторот во 1998 год., при една од неговите посети.

Промотор ќе биде  Корнелија Буклеска, уредник во Редакцијата за култура и уметност на радио Скопје.

You May Also Like