Утре вечер (вторник, 4 декември) со почеток во 19:00 часот во Музејот на град Скопје (Стара железничка станица) ќе биде промовирана поетската книга „Анатомија на искупувањето“, на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски Методиј Златанов, во издание на Издавачкиот центар ТРИ.
Стиховите од ова исклучително поетско дело ќе и се приопштат на македонската книжевна публика преку интерпретацијата на актерот Никола Ристановски. „Анатомија на искупувањето“ како дело со провокативен лирско-философски дискурс, низ седум лирски циклуси ја следи човековата потрага по образот на својата човечност, потоа на својата светост и конечно на својата богоизворност.
Ова е петнаесетта по ред поетска збирка на отец Методиј Златанов.