И покрај тоа што изминатиот период на светско ниво е исполнет со бројни предизвици, ограничено движење и безброј безбедносни мерки, Националната галерија на Македонија реализира квалитетна ликовна понуда за сите сладокусци, љубители на уметноста.
Во исто време, во трите објекти, има три одлични изложби.
– Во Мала станица имаме изложба на илустрации на Димитар Кондовски, која ќе трае заклучно со 15 ноември 2020.
– Во Чифте амам ја имаме изложбата на Антони Мазневски, истата ќе може да ја погледнете заклучно со 15 ноември 2020.
– Во Даут пашиниот амам можете да ја погледнете ретроспективната изложба на Решат Амети, заклучно со 29 ноември 2020.
Изложбите се достапни секој ден во неделата, освен понеделник, од 10 до 18 часот.
Националната галерија ги почитува сите пропишани протоколи донесени од страна на Владата и Министерството за здравство.