На денешен ден (1 јуни) роден е еден од најистакнатите македонски вајари Петар Хаџи Бошков, еден од доајените на македонската скулптура и ликовен педагог.
Петар Хаџи Бошков (1 јуни 1928 во Скопје – 22 март 2015 во Скопје) беше почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Дипломирал во 1953 година на Акедемијата за ликовни уметности во Љубљана, во 1959/1960 година специјализирал скулптура на Кралскиот колеџ за ликовни уметности и на Слејдовата школа за ликовни уметности во Лондон, а во 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк.
Oд 1964 до 1980 работел во Училиштето за применете уметност во Скопје, а од 1980-1988 година работел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде бил и декан во периодот од 1980-1985 година.
Во 1955 година во Скопје Петар Хаџи Бошков ја отвори првата изложба на Хенри Мур, со кого ќе го врзува и големо пријателство.
На 1 јуни 2010 година во Националната галерија на Македонија, во е отворена негова ретроспективна изложба на која се презентирани дела создавани во периодот меѓу 1950 и 2004 година.
Организирал над 30 самостојни изложби во Македонија, во просторите на поранешна Југославија, во Англија, САД, Турција и Грција а бил дел од повеќе од 300 групни изложби во земјата и во странство, како и на бројни вајарски колонии и симпозиуми ширум поранешна Југославија. Во 1978 година бил учесник на Меѓународното биенале во Венеција.
Во 1997 година бил учесник на „Деновите на европската култура“ во Солун. Добитник е на 30 национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“ во 1969 година.
Неговите дела се застапени во државни и приватни колекции во Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Кралството Англија, САД, Франција, Полска, Италија, Турција, Грција, Белгија …
За почесен член на МАНУ е во 2009 година.