Прилепскиот театар со хуманитарна претстава за Трескавец

Центарот за култура ,,Марко Цепенков“ од Прилеп, денеска (петок, 1 март) од 19:30 часот хуманитарно ќе ја прикаже претставата ,,Многу врева за ништо“ во режија на Ива Милошевиќ. Средствата собрани од влезниците, ќе бидат донирани за обновата на манастирот Трескавец.

ЦК ,, Марко Цепенков“  и овој пат ја покажува својата општествена одговорност како институција, вклучувајќи се во акцијата ,,Да го обновиме манастирот Трескавец“, покрената од Министерството за култура и општина Прилеп.

Претходно во Центарот се одржа и големиот концерт на Танец. Исто така влезниците од овој концерт се донираат за обновата на Трескавец.
Купувајќи влезница и прилепчани ќе ја покажат својата хуманост, а во исто време ќе имаат можност да ја  гледаат забавната игрива претстава со многу пресврти, со умувања и надмудрувања работена по текст на великанот на драмската реч Шекспир.

You May Also Like