На 2 март во МОБ ќе бидат прогласени имињата на добитниците на ново воспостановената награда Виртуози во 10 категории од областа на културното живеење.
Во категоријата “музички организатор” се номинирани МОБ, Македонска филхармонија и Охридско лето. За награда во категоријата “камерен ансамбл” предложени се Дуо Кировски, Мјузик прогресив квартет и Трио Интерарт, а за “најдобар музички публицист” Аида Ислам, Марко Коловски и Васка Наумова-Томовска. Во трка за “најдобар млад музички уметник” се Дино Имери, Александар Коловски и Софија Никоска, а за “голем ансамбл” МОБ, Македонската филхармонија и Мешаниот хор Драган Шуплевски. Во категоријата “музичка манифестација” меѓу номинираните се Денови на македонската музика, Охридско лето и Скопско лето. За “најдобар музичко-сценски уметник” ќе се избира меѓу Ана Дурловски, Весна Ѓиновска-Илкова и Александра Мијалкова, а за “најдобар композитор” меѓу Дарија Андовска, Фатос Лумани и Александар Пејовски. Ана Дурловски, Благој Нацоски и Симон Трпчески се номинирани во категоријата “меѓународна афирмација”, додека за “музички изведувач” – Марија Вршкова, Ана Гацева и Љубиша Кировски.
За најдобрите ќе одлучува единаесетчлената комисија составена од еминентните музички уметници и педагози ќе ги одбере најдобрите. Наградата е статуетката направена според идејното решение на уметникот Виолета Коцев.