Прилепскиот театар со претставата „Од кол на кол 2“ вечер (четврток, 18 октомври, 2012) во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе го затвори 15-тото издание на фестивалот „Денови на комедијата“.
Урнебесната комедија е продолжение на „Од кол на кол“ која режисерот Коле Ангеловски ја работеше според текст на Реј Куни.Претставата во Прилеп е вистински хит и речиси 80 пати ја наполни салата на театарот.