Претставување на новата руска научна литература

Денеска (22 април, понеделник) во 11:00 часот во просториите на УКИМ ќе биде отворена изложбата „Новата научна литература од Русија“. Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија неговата екселенција, Олег Шчербак.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Руската академија на науките, односно со претставништвото за Бугарија и Источна Европа, од 22- 25 април   организираат изложба насловена „Новата научна литература од Русија“.

На оваа изложба ќе бидат претставени околу 1.500 книги од повеќе области: класични и општествени науки, природни науки и математика, правни науки и литература, економски и филолошки науки, информатичка литература итн.

Книгите, во рамките на поставката Новата научна литература од Русија ќе бидат изложени во конференциската сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје смета дека оваа научна литература е од голем интерес за членовите на академската заедница на УКИМ кои континуирано го следат развојот на научната мисла во светот. Книгите, во рамките на оваа поставка, ќе бидат изложени неколку дена во просториите на УКИМ. Заинтересираните посетители ќе можат да ги разгледаат во терминот на изложбата, од 22 до 25 април, во рамките на работното време, од 8,00-16,00 часот.

You May Also Like