Вечер (среда, 27 февруари, 2013) во 19:00 часот во Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „Спона“, предавање на тема „Послевоен модернизам во Белград“ ќе одржи академик Влада Урошевиќ.
Со предавањето на академикот Урошевиќ ќе се заокружи третиот завршен циклус на литературните работилници во „Спона”.
Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „Спона” се наоѓа во Б.Ц. Палома Бјанка, улица Даме Груев бр. 16 втори кат, локал 11.