Македонскиот поет Ристо Лазаров се претстави на Mеѓународниот саем на книгата во Белград со изборот од поезија насловен „Одтанцувана историја“.
Книгата, која содржи 70 песни на српски јазик ја преведе белградскиот поет Душко Новаковиќ, а на саемот ја претстави издавачката куќа „Архипелаг“ од Белград.
Песните застапени во овој избор се од последните три стихозбирки на Лазаров.