Кривопаланечко културно лето 2012 година

За вечер (понеделник, 23 јули) на плоштадот во Крива Паланка најавен е концерт на балетската група „Газела“ од Радовиш.

Инаку викендов во рамките на Топлиот културен бран или „Кривопаланечкото културно лето“ се одржаа повеќе културни настани.

Во Националната установа – Центар за култура од Крива Паланка беше отворена е изложба на слики од Ликовната школа. Во Градскиот парк беа прикажани 3 филмски проекции, а на Градскиот плоштад настапија и фолколрните ансамбли од Крива Паланка КУЗ „8 Октоомври“, „Карпош“ и „Фолклористи“. Тие на дефилето низ градот се претставија со богатиот фундус на носии од кривопаланечкиот крај, а потоа пред љубителите на фолклорот се претставија и со изворни песни, ора, обичаи и кореографии од сите делови на Македонија.

Организатор на „Кривопаланечкото културно лето 2012 година“ е Националната установа – Центар за култура од Крива Паланка, со поддршка од Министерството за култура и општина Крива

You May Also Like