МОБ се подготвува за праизведбата на „Александар III Македонски“

На сцената на МОБ на 09 и 10 април  со почеток во 20:00 часот, публиката ќе има можност да проследи едно необично сценско видување на авторскиот тим кој е одличен спој на младоста со искуството. Музичко – сценско дело со модерна визуелизација. Балет што ги следи современите балетски трендови, балет со современ шмек.

Балетската претстава која е по либретото на Љубомир Бранѓолица е под диригентско водство на маестро Борјан Цанев. Главните улоги се доделени на првенецот Васил Чичијашвили од Грузија (Александар), првенката Александра Мијалкова (Роксана), Ивана Коцевска (Олимпија), првенецот Бобан Ковачевски (Хефестион), Трајче Стојковски (Дариј) и Драган Кочоски (Филип II).  Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.

 

You May Also Like