Конкурс за сите стрип автори. Ова се пропозициите за пријавување на 11 Меѓународен салон за стрип во Велес:
Пропозиции:
-Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;
-Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Препорачливи се поголем број на сликички.
НАПОМЕНА: Доколку стрипот е во боја , препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.
– Стриповите нема да бидат вратени,. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.
– Авторите коишто ќе испратат свои стрипови влегуваат во комбинација за обезбедување на пат , сместување и исхрана во текот на 11 тиот Интернационален салон на Стрип „Велес 2013“(средината на октомври)
– Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип; Исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарио за повеќе стрипови.
-На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)
-Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање адреса, и држава од каде е авторот ,е маил како и година кога е стрипот нацртан.Исто така сите стрипови треба да се потпишани од авторите .
-Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на изложбата во склоп на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција
-Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:
· Прва награда, 200 евра, „Златен стрип“, и диплома за прво место.
· Втора награда, диплома за второ место.
· Трета награда, диплома за трето место.
· Награда за најдобро сценарио, диплома.
· Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
· Други специјални награди
Рокот за испракање е до 25-ти Септември 2013 година,а може да се испратат на:
a) Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот), ул. Васил Горгов, бр.78 ,1400 Велес ,Република Македонија
б) мејл: comicmk@yahoo.com